Театар

ЕДМОНД – РЕПРИЗА

ЕДМОНД го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор.
Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто ЕДМОНД го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на ЕДМОНД е : “Внимавај што посакуваш.” Иронично, Едмонд изјавува дека е конечно слободен и среќен дури на крајот, по сите перипетии, во затвор, со крајно лимитирана слобода на движење …
Во времето во коешто живееме, каде што многу лесно може да имаме се, кога се ни е достапно, кога нашето “силување” на слободата не направи најнесреќни луѓе во историјата на човештвото, ЕДМОНД на Дејвид Мемет е повеќе од потребен. Не како лекција, бидејќи не верувам во дидактичен театар / театар што испраќа пораки, туку како можност за рефлексија на сите нас, да се запрашаме кои сме, каде одиме и какви сакаме да бидеме.
Беше задоволство да се работи со талентираниот ансамбл на Народен Театар Битола, предводен од Огнен Дранговски, еден од најдобрите актери во Македонија и Балканот. Верувам дека завршивме голема работа и ЕДМОНД ќе стане значајна точка во несомнено богатата историја на Народен Театар Битола.
Оливер Мицевски, режисер

Којзнае зошто?

НТБ – Нова сцена според “СОНОТ НА СМЕШНИОТ ЧОВЕК”на Ф.М. Достоевски Режија: Дамјан ЧиткушевСветло-мајстор: Горан ПетровскиТон-мајстор: Александар ДимовскиВидео-оператор: Владимир Переловски

Кокошка

НТБ – Голема сцена Автор: Николај Кољада Режија: Марјан ГеоргиевскиСценографија: Валентин СветозаревКостимографија: Благој МицевскиДраматург: Оливера ПавловиќСветло-мајстор: Игор МицевскиТон-мајстор: Николче ТерзиевскиСуфлер:

Ричард трети

НТБ – Голема сцена ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР Превод: Драги МихајловскиАдаптација и режија: Мартин МирчевскиСценографија: Валентин СветозаревСветло-мајстор: Игор МицевскиТон-мајстор: Николче ТерзиевскиБлагодарност до

Ако останеш дома

НТБ – Нова сцена По мотиви на оригиналот на Карој Сакони Режија: Јован РистовскиСценограф: Валентин СветозаревКостимограф: Благој МицевскиДизајн на плакат: Димитар

Жиголо

ЖИГОЛО НТБ – Нова сцена Автор: Игор Кузмановски Режисер и костимограф: Благој МицевскиДраматург: Оливера ПавловиќАвтор на музиката: Марјан НеќакСценограф: Сергеј

Фетишист

НТБ – Нова сцена Претставата “Фетишист” (монодрама) по Мишел Турние има за цел да ни ја претстави извртената реалност на

Scroll to Top