БИТОЛИНО 2025: „Свадба на животни и нешта“
Театарска претстава за деца во продукција на Театар на сенки „СЕНКИ И ОБЛАЦИ“– Скопје
Приказна за невидливиот живот на предметите околу нас, за фантазиите во доцните попладневни часови, кога и малите и постарите се подготвени да смислуваат игри. Што би се случило ако… Се спојат кауч и крокодил, желка и шкаф, книга и сладолед, камила и чајник… Некои би рекле „чао и збогум“, други би посакале да создаваат мушички за жива ограда, кроко-каучи и камило-чајничиња, кои мирисаат на камилица и мед. Приказна која повикува: „Ајде, сега тебе ти е редот“. „Свадби на животни и нешта“ според истоимената книга на Георги и Раја Господинови
Информации за местото на одржување
НУ Центар за култура - Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia
Прикажи на мапа