БИТОЛИНО 2025: „Што се вестите?“
Театарска претстава за деца во изведба на Kolibri Children and Youth Theater од Будимепешта, Унгарија „Ајде да направиме театар заедно […]
Театарска претстава за деца во изведба на Kolibri Children and Youth Theater од Будимепешта, Унгарија „Ајде да направиме театар заедно […]
📌 Голема сцена на НУ Центар за култура (Службен влез) Театарска претстава за деца во изведба на Senju Puppet Company
Театарска претстава за деца во изведба на Куклениот театар „Piro Xëci” од Поградец, Албанија. „Злите животни прават ѓаволски план, со
Автор: Николај Кољада Режија: Марјан ГеоргиевскиСценографија: Валентин СветозаревКостимографија: Благој МицевскиДраматург: Оливера ПавловиќСветло-мајстор: Игор МицевскиТон-мајстор: Николче ТерзиевскиСуфлер: Мирјана ХристовскаИспициент: Оливер Петровски
Автор: Николај Кољада Режија: Марјан ГеоргиевскиСценографија: Валентин СветозаревКостимографија: Благој МицевскиДраматург: Оливера ПавловиќСветло-мајстор: Игор МицевскиТон-мајстор: Николче ТерзиевскиСуфлер: Мирјана ХристовскаИспициент: Оливер Петровски
ЖИГОЛОАвтор: Игор Кузмановски Режисер и костимограф: Благој МицевскиДраматург: Оливера ПавловиќАвтор на музиката: Марјан НеќакСценограф: Сергеј СветозаревДизајнер на видео: Владимир ПереловскиСветло-мајстор:
„ЕДМОНД“Дејвид Мемет Режија: Оливер Мицевски Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Благој Мицевски Музика: Марјан Неќак Светло: Горан Петровски Тон –
ЕДМОНД го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор.
Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто ЕДМОНД го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на ЕДМОНД е : “Внимавај што посакуваш.” Иронично, Едмонд изјавува дека е конечно слободен и среќен дури на крајот, по сите перипетии, во затвор, со крајно лимитирана слобода на движење …
Во времето во коешто живееме, каде што многу лесно може да имаме се, кога се ни е достапно, кога нашето “силување” на слободата не направи најнесреќни луѓе во историјата на човештвото, ЕДМОНД на Дејвид Мемет е повеќе од потребен. Не како лекција, бидејќи не верувам во дидактичен театар / театар што испраќа пораки, туку како можност за рефлексија на сите нас, да се запрашаме кои сме, каде одиме и какви сакаме да бидеме.
Беше задоволство да се работи со талентираниот ансамбл на Народен Театар Битола, предводен од Огнен Дранговски, еден од најдобрите актери во Македонија и Балканот. Верувам дека завршивме голема работа и ЕДМОНД ќе стане значајна точка во несомнено богатата историја на Народен Театар Битола.
Оливер Мицевски, режисер
Театарска претстава за деца во продукција на Театар на сенки „СЕНКИ И ОБЛАЦИ“– Скопје Приказна за невидливиот живот на предметите