Фестивал „Хармониките 2025“

Денес и утре, со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом, ќе се одржи десеттото јубилејно издание на фестивалот ХАРМОНИКИТЕ 2025.

На фестивалот ќе настапат: Кирил Стојчевски, проф. д-р Илчо Јованов, Сашко Велков, Дарко Илиевски, Јове Кекеновски, Горан Алачки, Зисо Пуровски, Давид Велков, Димитриј Стојчевски, Давид Стојчевски, Мендо Ташковски, Дарко Кулевски, Димитар Митревски, Александар Николовски, Костадин Крстески, Софија Пуровска (вокал), Петар Коштревски (кахон) и Благојче Трајковски (кларинет).

Во рамките на фестивалот, во среда, на 16 јули во 14:00 часот, ќе се одржи семинар посветен на македонската народна музика. Во работниот дел ќе учествуваат еминентни универзитетски професори, предводени од проф. д-р Илчо Јованов и специјалниот гостин од Србија, проф. д-р Зоран Ракиќ.

Организатори на фестивалот се Сашко Савевски и Кирил Стојчевски, кои најавуваат две вечери исполнети со извонредни музички доживувања и виртуозност на хармоника.

Фестивалот е дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

  • Датум: јули 15, 2025 - јули 16, 2025
  • Време: 8:00 PM - 9:30 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом

Додај во календар

Поврзани настани

Изложба
Изложба
Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

ЖИГОЛО

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

КОКОШКА

Фестивал
НУ Центар за култура - Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Детски музички фестивал СИ-ДО 2026

Светска детска ликовна колонија
Мал Битолски Монмартр, Marjan Bozhinovski, Bitola, North Macedonia

45. Мал Битолски Монмартр

Scroll to Top