45. Мал Битолски Монмартр
Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола е основано во далечната 1968 година, како визија која низ годините преминала во основна мисија на идејниот творец – ликовниот педагог професор Коста Хаџи-Антоновски [1935 – 2O21].
Примарните цели на првенствeно ликовната секција а подоцна и детското ликовно студио како институција биле едукацијата и грижата за младите ликовни уметници и развојот на нивниот талент но и споредба на истиот низ низа светски детски ликовни конкурси – изложби и колонии кои се реализираат на над 3О локации и исто толку држави во светот во една календарска година.

“Мал Битолски Монмартр” е иницијатор за формирање на сите активни светски детски колонии во светот чии основачи побарале дозвола за копирање на организационата форма од ликовниот педагог професор Коста Хаџи-Антоновски кој и според УНЕСКО се смета за “татко” на организираната заедница на детски ликовни педагози и ликовни школи за оценка и проценка [ наградување ] на квалитетот на детското ликовно сликарство во светски рамки.
Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола над 45 години почнувајќи од 1981 година е организатор и реализатор на 2-те најголеми и најстари светски детски ликовни Манифестации на глобално ниво.

Светската детска ликовна изложба која гордо низ годините го носи името на градот домаќин “Битола” а на чиј конкурс кој трае од 2О септември претходната до 2О февруари од тековната календарска година се пријавуваат над 85 држави со над 85О пратки од исто толку основни и средни училишта – приватни ликовни ателјеа – установи од предшколската возраст и младински културни центри со што на годишно ниво пристигнуваат над 85.ООО детски ликовни творби од над 75.ООО ученици од цел свет.
Оваа манифестација свечено се отвора секој 23-ти мај за тековната година и трае како поставка до следната година.

Или тоа се над 2.OОО.ООО детски ликовни цртежи од постоењето на оваа Манифестација поради што истата во 1995 – 1996 и 1997 година три пати е заведена во Гинисовата книга на рекорди како најобемна по пристигнатите изложени дела.
“Мал Битолски Монмартр” традиционално свечено се отвора секоја година на 23-ти мај во очи патрониот празник на Светите браќа Кирил и Методиј и трае се до 31-ви мај при што во осум дена се реализираат и ликовни еднодневни каравани до Охрид и 1.ООО годишниот манастир “Свети Јован Бигорски”

На “Мал Битолски Монмартр” секоја година творат помеѓу 25 и 3О држави – делегации од истите т.е. помеѓу 18О и 2ОО учесници со своите професори и асистенти а чии ученици за седум работни колониски дена на тема “староградска и манастирска архитектура” генерираат помеѓу 65O – 75O детски ликовни дела или факт е дека поради “Мал Битолски Монмартр” Битола во скоро половина век ја посетиле над 1О.ООО ученици кои ги претставиле скоро сите држави од светот и кои оставиле фонд од над 3О.ООО детски ликовни уметнички дела.
Низ Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во своето постоење поминале над 1О.ООО ученици – млади ликовни уметници кои бесплатно се едуцираат во објектот во кој е сместена и единствената Детска ликовна галерија во светот под името “Мал Монмартр”.

Ова самото по себе е и директна причина Интернационалниот Олимписки Комитет во 2ООО година директно да ја покани организацијата со свои дела и ученици да твори на пет последователни Олимписки игри и тоа: Сиднеј – Австралија; Атина – Грција; Пекинг – Кина; Лондон – Обединетото Кралство Англија; Рио – Бразил и Токио – Јапонија.
Со ова признание Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола е единствениот т.н. ко-организатор на летните Олимписки игри иако апсолутно нема никаква поврзаност со спортот. Ова значајна активност е во координација и со партнерската организација Здружението за едукација на млади ликовни таленти “Мал Монмартр” Битола.

Од “Мал Битолски Монмартр” произлегле светските детски ликовни колонии во Хонг Конг – Кина; Белград – Србија; Пиатра Неамт – Романија; Евора – Португалија; Москва – Русија; Мал Монмартр во Пловдив и Софија итн. а во најава е формирање на нови светски детски ликовни колонии кои би се реализирале во Тел Авив – Израел; Трабзон – Турција и Кисељак – Босна и Херцеговина во своето прво издание во 2О26 / 2О27 година.
Членовите на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на годишно ниво освен колониите учествуваат и на 5О светски детски ликовни конкурси од кои во една школска година редовно се наградени со 35О – 4ОО награди.

Од средината на 2О25 година фестивалот е во постапка за членство во EFA [ Европската Асоцијација на Фестивали ] од кој веќе е одобрено користење на ознаката EFFE и тоа за 2О24 – 2О25 и 2О25 – 2О26 [ Europe For Festivals – Festivals For Europe ].
Информации за местото на одржување
Мал Битолски Монмартр, Marjan Bozhinovski, Bitola, North Macedonia
Прикажи на мапа