JАВЕН КОНКУРС

 

за учество во ликовниот проект „СИМФОНИЈА НА ПЕТТЕ: ЗВУЦИТЕ НА ОФИЦЕРСКИ“
 
ЈОУ Културен и информативен центар Битола објавува отворен повик до средните училишта и професорите по ликовна уметност за учество на конкурсот за млади автори насловен „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“.
1. КОНЦЕПТ
„Симфонија на петте: звуците на Офицерски“ ја слави тимската работа и
дијалогот помеѓу различностите. Целта на конкурсот е создавање на заедничко
ликовно дело – полиптих, составено од пет поединечни дела кои формираат
една хармонична целина. Преку овој формат, сакаме да покажеме како различни уметнички стилови, ракописи и визии можат да коегзистираат и да создадат нова, заедничка вредност. Проектот вклучува работа во „Живо атеље“, каде избраните тимови ќе творат директно во алтернативниот галериски простор на нашиот КИЦ Битола.
2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
– На конкурсот аплицираат тимови составени од 5 ученици под менторство на професор.
– Делото се состои од 5 помали дела (панели)
– Димензиите на финалната композиција да не надминуваат 120 cm
висина и 200 cm ширина.
– Учениците сами ги одредуваат димензиите на поединечните 5 дела во
рамките на вкупниот габарит.
– Тема: Звуците на Офицерски
3. ТЕХНИЧКИ КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Тимовите треба да достават идејно решение во форма на ликовна скица која ги
исполнува следниве услови:
– Размер: Скицата треба да биде изработена во размер 1:2 во однос на
предвиденото финално дело.
– Композиција: Идејното решение треба да прикаже како петте
поединечни панели се вклопуваат во вкупниот формат од 120×200 cm.
– Техника: Слободен избор на материјали за скицата (техника на
финалното дело: акрил).
4. ДОСТАВУВАЊЕ ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА
Заинтересираните тимови треба да достават:
1. Ликовна скица (на хартија): Визуелен приказ на целата композиција.
2. Текстуално образложение: Опис на концептот и визијата за тоа како
тимот планира да ја постигне хармонијата на различностите.
3. Техничка спецификација: Прецизни димензии на секој од петте делови.
5. НАГРАДА И ИСКУСТВО „ЖИВО АТЕЉЕ“
Стручна комисија ќе одбере 3 најуспешни идејни решенија. Наградените
тимови ќе добијат единствена можност:
– Да престојуваат во нашиот центар и да ги изработат делата на платна во
алтернативниот галериски простор.
– Просторот за изложување ќе стане нивно заедничко атеље, каде во
живо ќе ја реализираат својата визија.
– Трошоците за основните материјали за реализација на наградените дела
се на товар на центарот.
6. ИЗЛОЖБА
По завршување на креативниот процес, ќе биде отворена свечена изложба на
која ќе бидат претставени:
– Трите наградени и реализирани полиптиси.
– Сите останати пристигнати идејни решенија (скици и концепти) како дел
од целокупната поставка.
7. ВРЕМЕНСКА РАМКА
– Објавување на конкурсот: 23.03.2026 г.
– Рок за поднесување идејни решенија: 15.04.2026 г.
– Објавување на резултати: 27.04.2026 г.
– Реализација во атеље: 11.05 – 31.05.2026 г.
– Свечено отворање на изложбата: 09.06.2026 г.
Апликациите се доставуваат во просториите на КИЦ Битола, или по пошта
на адреса ул. „Широк Сокак“ бр. 145
  • Датум: март 23, 2026 - април 15, 2026
  • Време: 10:36 AM - 12:05 AM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом Битола

Додај во календар

Поврзани настани

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

ПИНОКИО

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

ПИНОКИО

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

КОКОШКА

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

ПИНОКИО

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

СТРАНЕЦОТ

Scroll to Top