„ТРИ“ – Прва професионална претстава за деца на знаковен јазик.

Во претставата, актерите паралелно говорат и го интерперетираат македонскиот знаковен јазик.

Претставата има дидактички карактер, во кој децата во интеракција со актерите ја учат знаковната македонка азбука.

Главната тема е современата еколошка катастрофа што ѝ се заканува на нашата планета. Трите самовили — Розе, Лила и Синка, кои ја надминуваат јазичната бариера меѓу јазикот на тишината и говорниот јазик на Ѕвонко Бонбонко, стануваат пријатели и заедно се обидуваат да го исчистат расфрланиот отпад што се наоѓа насекаде.

Нивната мисија е да го сортираат отпадот и да го одложат во соодветни канти за рециклирање, со цел за живеење во здрава средина — со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста почва за одгледување здрава храна.

Продукција: ATO Центар Битола

*Влезот е бесплатен. Гостувањето е поддржано од GIZ North Macedonia.

 

Venue Info

Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

View on Map
  • Датум: декември 17, 2025 - декември 22, 2025
  • Време: 10:00 AM - 11:00 AM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia