„ТРАНСХУМАНИЗМОТ Е ПРЕД ВРАТАТА, А КАДЕ СИ ТИ?“ со Крешимир Мишак.
Оваа Сабота во Кино браќа Манаки!
Во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет, неформалниот културно-уметнички колектив „Аристон“, КИЦ Битола, КИЦ Скопје и киното Киноверзум, Крешимир Мишак ќе одржи три предавања во Битола, Штип и Скопје.
28 ноември 2025, петок, 20ч – Киноверзум, Штип
29 ноември 2025, сабота, 20ч – Кино Манаки, Битола
30 ноември 2025, недела, 20ч – Салон 19,19, Скопје
Медиумски покровители на настаните се првиот дневен весник во државата „Нова Македонија“ заедно со интернет порталот и youtube каналот од Хрватска „АТМА“.
Не ја пропуштајте оваа ексклузивна можност да се запознаете со Крешимир Мишак и да слушнете повеќе за неговите истражувања и објавени книги. Ве очекуваме!