Социо-културен настан „Инклузија преку игра- научи го нивниот јазик, за да ја разбереш нивната игра“

Ве покануваме на социо-културен настан „Инклузија преку игра- научи го нивниот јазик, за да ја разбереш нивната игра“
На 05.04 да го одбележиме месецот на аутистите и да ги поддржиме во остварување на нивните права, како и да научиме да го разбереме нивниот јазик. Во првиот дел од 11.00 ч. до 14.00 ч.се поканети сите дечиња и родители кои сакаат да ја поддржат инклузијата во општеството преку цртање, забава, игра, песна.
Вториот дел од 18.00 ч. до 20.00 ч. ќе биде отворена трибина со професор Јасмина Трошанска на тема: „Кога однесувањето е порака: Како да ги разбереме децата со аутизам“.
Преку прифаќање и емпатија, можеме да ја откриеме вистинската порака што тие се обидуваат да ја пренесат и да изградиме мост на комуникација кој ќе им помогне да се чувствуваат разбрани и прифатени.