Саем на книги – „Светот во страници“
Саем на книги – Светот во страници „Читањето отвора светови“
ОТВОРАЊЕ – 29 јули во 19 часот
- Обраќање на градоначалникот на Општина Битола
- Обраќање на директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
- Музички настап на Сефедин Бајрамов
- Коктел за сите посетители
Што ве очекува?
- Продажба на нови и стари изданија од домашни и странски автори
- Саемски цени на книгите
- За најмладите дружење и сликање со маскотата „ И Спајдермен чита“
Учесници:
- НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
- Бата прес
- Антолог
- Прозарт медиа
- Топер
- Матица македонска
- Збор
Со големо задоволство ве покануваме на првото учество на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, со сопствен штанд со книги!
Љубителите на книга ќе можат да изберат од богат избор на наслови – поезија, есеистика, стручна литература, нобеловци, класици и многу други жанрови. Целта е книгата да биде достапна за секого, а читањето да стане дел од секојдневието.
Не пропуштајте настан полн со книги и вистинска љубов кон пишаниот збор.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, после една деценија со вас, а засекогаш со книгата!
Овој настан е дел од Бит фест 2025.
Информации за местото на одржување
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia
Прикажи на мапа