Предновогодишен концерт со Павле Камилоски 2025
Во пресрет на престојната празнична сезона со големо задоволство ви го најавуваме спектакуларниот настан “Предновогодишен концерт со Павле Камилоски.
Овој концерт е предвиден да ја збогати културната понуда на 26 декември во Центарот за култура во Битола кој истиот ќе биде премиерен. Истакнуваме дека овој проект досега традиционално се реализира со исклучителен успех во изминатите неколку години во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Истиот се покажа како исклучително баран, генерирајќи огромна заинтересираност и постигнувајќи целосна посетеност, што е цврст доказ за неговата културна вредност и атрактивност. Целта на овој проект е воведување на поинакви настани во нашиот град, будење на предновогодишната магија во секој еден од нас, потсетување на убавината на заедништвото, љубовта и искрената радост што ја носи овој посебен период од годината.
Билети во продажба на:
https://www.3dkinobitola.com/single/event/258