Отворање на изложбата создадена во рамките на проектот „Симфонија на петте: Звуците на Офицерски“.

 

Три недели инспирација, креативност и тимска работа.

Четири тима и дваесетина талентирани ученици го прифатија предизвикот на Отвореното атеље на КИЦ Битола, создавајќи дела исполнети со креативна слобода, другарство и синергија.

Резултатот од нивната посветеност и имагинација ќе можете да го видите утревечер, на 9 јуни 2026 година, со почеток во 18:30 часот, кога свечено ќе ја отвориме изложбата создадена во рамките на проектот „Симфонија на петте: Звуците на Офицерски“.

Ве покануваме да бидете дел од ова уникатно доживување и да ги поддржите младите креативци.

Ве очекуваме!

Ваш КИЦ Битола

  • Датум: јуни 9, 2026 - јуни 16, 2026
  • Време: 6:30 PM - 9:00 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом Битола