Концерт „Романтичен контрабас“

Со големо задоволство Ве покануваме на концертот „Романтичен контрабас“, што ќе го изведеме под диригентство на Владимир Димовски, со Петруш Петрушевски како солист.

Оваа вечер ќе биде посветена на топлината и длабочината на контрабасот – инструмент кој ретко ја добива својата заслужена централна улога, но кој во рацете на вистински мајстор ја открива целата своја емоционална моќ.

Ќе изведеме дела од Џовани Ботесини, Бенџамин Бритн и Клод Дебиси, три различни светови што се спојуваат во заедничка музичка приказна исполнета со страст, елеганција и суптилност.

📅 Датум: 12.11.2025
📍 Место: Офицерски дом – Битола
🕰️ Почеток: 20:00

Придружете ни се заедно да уживаме во една навистина романтична вечер.

 

 

Ознаки

музика
  • Датум: ноември 10, 2025
  • Време: 8:00 PM - 10:00 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом

Поврзани настани

Фестивал
НУ Центар за култура - Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Детски музички фестивал СИ-ДО 2026

Музика
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Jazz Factory Festival – Џез Фабрика Фестивал

Scroll to Top