Изложба на уметнички слики во маслена техника „Народната носија како инспирација“ автор Раде Најдовски
Летото во Битола добива целосно нова димензија – урбано, културно, возбудливо! Добредојдовте на 17 издание на БИТ ФЕСТ – фестивалот кој веќе традиционално ја претвора Битола во сцена на креативноста, инспирацијата и културниот пулс на Македонија.
Од спектакуларни театарски претстави под ѕвездено небо, до прекрасни изложби што раскажуваат приказни без зборови. Од ритамот на електронската музика што ја буди ноќта, до уметнички перформанси кои ги поместуваат границите на изразот – БИТ ФЕСТ 2025 е фестивал што не се гледа, туку се доживува!
Не пропуштајте го и овој настан и резервирајте го вашето место во публиката. Секој ден носи нова причина за воодушевување, секоја вечер е нова страница во културното лето на Битола.
Под слоганот „Убавината на уметноста“, БИТ ФЕСТ го слави сето она што го храни духот и креативно ја збогатува заедницата.
Уживајте во уметноста, музиката, театарот и слободата на изразот.
Бидете дел од фестивал кој инспирира, обединува, исполнува со впечатоци и остава траен печат на убавината на уметноста.