Изложба на постери на визуелниот уметник Харис Муриќ
ЗОШТО ГО НОСИМЕ ХАРИС МУРИЌ ВО БИТОЛА 


Некои уметници се гласни.
Харис Муриќ – не мора да биде.
Неговите плакати не се правени да бидат „убави“. Туку точни.
Точни за тоа како се чувствуваме – малку изгубени, малку носталгични, понекогаш тивки, понекогаш распарчени.
Дури и кога се минимални – зборуваат многу. И знаат каде да те погоди една буква, еден збор, еден тивок крик.
Харис црпи од музиката, носталгијата, секојдневниот неред.
Нема бренд-формула, нема рециклирани идеи.
Само верба дека најсилниот израз е оној што е твој. Не туѓ.
Ние во Битола Отворен Град не бараме совршенство.
Бараме искреност.
И ја најдовме во дизајнот на Муриќ.
Затоа го носиме.
За да не потсети дека има уметност што не се продава. Само се доживува.
Информации за местото на одржување
Младински Културен Центар - Битола, Цар Самоил, Bitola, North Macedonia
Прикажи на мапа