Ден на пијаното во Офицерски дом-КИЦ Битола
Соработката со ДМУ Битола е веќе традиционална.
Во најава,
Со голема радост оваа година го одбележуваме Денот на пијаното во нашето училиште – ден посветен на инструментот кој инспирира, предизвикува и создава безброј музички приказни.
Околу 120 млади и надежни пијанисти ќе настапат со внимателно подготвена програма, во која ќе ја покажат својата посветеност, труд и љубов кон музиката. Преку различни стилови и епохи, ќе имате можност да уживате во искрени и музички зрели интерпретации.
Овој ден е повеќе од концерт – тоа е прослава на учењето, дисциплината и радоста што музиката ја носи.
Ги покануваме сите љубители на музиката да ни се придружат и да ја споделат оваа убава атмосфера со нас. 