Битолски чалгиски денови-програма
КОГА ЧАРШИЈАТА ПЕЕ…БИТОЛА ДОБИВА СВОЈ ФЕСТИВАЛ НА ЧАЛГИЈАТА
БИТ ФЕСТ, со уште еден посебен настан, посветен на чалгијата, потврдува дека, визуелниот идентитет на фестивалот соодветствува со културата, историјата и музичкото богатство на градот.
Долгогодишната чалгиска традиција, која во Битола зазема истакнато место уште од крајот на минатиот век, оваа година добива своја посветена манифестација.
Оригиналните песни, инструменти и препознатливиот звук, кои за Битола и битолските боеми значеле многу и денес оставаат силен печат во секојдневието на градот. Оваа година чалгијата на посебен начин ќе ја заживее Битола, а посебно Старата битолска чаршија.
Во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), а во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, од 14 до 15 август ќе се одржат „Битолски Чалгиски Денови“ – првиот фестивал во градот посветен само на оваа специфична музичка форма.