АНГЕЛИ ВО АМЕРИКА – МНТ
АНГЕЛИ ВО АМЕРИКА
Среќна фантазија на национални теми
Дел I: Милениумот наближува
Автор: Тони Кушнер
Режија: Филип Петковски
Играат:
Јордан Симонов,
Александар Стоименовски,
Стефан Спасов,
Илин Јовановски,
Наталија Теодосиева,
Тања Кочовска,
Дамјан Цветановски и
Нела Павловска
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Антонија Гугинска Јорданоска
Дизајн на светло: Дарко Младеновски
Дизајн на постер: Ивана Мојсовска Головска
Дизајн на звук: Давид Николовски
Кореограф: Иван Ангелковски
Фотографија и камера: Марко Марјановиќ
Визуелен дизајн: Ивана Мојсовска Головска
Камера: Борјан Стојков
Асистенти: Оливија Трајковска и Антонија Белазелковска
Инспициент: Вукица Александрова
Продуценти: Петар Антевски и Филип Петковски
Суфлер: Мирослав Атанасовски
Светло-мајстор: Горјан Темелковски
Тон-мајстор: Александар Арсиќ
Манипуланти: Васко Бојаџиски, Трајче Тасевски и Горан Димов
Реквизитери: Соња Крстевска и Данил Цветковски
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Елизабета Стамчевска
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Лора Спасовска
Декоратери: Ибрахим Рамановски, Дурмиш Сефер, Нерхан Османовски и Горјан Здравевски
Кога зборуваме за големите американски драмски текстови, најчесто ги спомнуваме великаните како Тенеси Вилијамс, Артур Милер или Дејвид Мамет, чии дела се сè уште продуцирани во сите театри низ светот. Во 1991 година, инспириран од случки од неговиот приватен живот, Тони Кушнер ја пишува Ангели во Америка: Среќна фантазија на национални теми— дело кое засекогаш ќе ја промени светската театарска историја, а Кушнер ќе го смести како еден од највлијателните американски драматурзи. Претставата ја добива Пулицеровата награда за драма, наградата Тони, како и речиси сите други значајни признанија во театарот, токму поради нејзината способност да го претвори театарот во моќна алатка за општествени коментари, комбинирајќи извонредна драматуршка структура, акцент на актерската игра и симболични сцени кои и денес звучат релевантно.
Приказната се случува во Њујорк кон средината на 1980-тите, кога со САД владее Роналд Реган – ера обележана со конзервативна политика која промовира таканаречени „семејни вредности“ и тивка, но погубна, јавна незаинтересираност за епидемијата на сида. Во овој политички и општествен превир, Кушнер се фокусира на четири геј ликови: Прајор Волтер, кој штотуку дознава дека е ХИВ-позитивен; неговиот партнер Луис, кој се бори со стравот од болеста и немоќта да му помогне на партнерот; Џо Пит, Мормон и скриен геј маж кој се справува со својата религија и сексуална ориентација; и Харпер, неговата сопруга која е зависна од апчиња и често бега во свет на халуцинации за да го издржи распадот на нивниот брак. Овие приказни се испреплетуваат и со реални историски личности, како познатиот адвокат Рој Кон кој јавно ја негирал сопствената хомосексуалност, но на крајот умира од сида. Наместо да се фокусира на стереотипни и комични прикази на квир луѓето, претставата се фокусира на приказни за љубов под незамислив притисок, за страв и храброст, за вера и сомнеж, за човечката потреба да се најде надеж дури и кога светот изгледа решен да ја уништи.
Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.
КУПИ БИЛЕТИ: НТБ online билети
Информации за местото на одржување
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia
Прикажи на мапа