„Вински Фестивал Битола“ од 7-9 Мај на платото пред Офицерски дом – КИЦ Битола

 

Во најава,
 
Добра вест за познавачите на доброто вино и љубителите на префинетиот вкус.
Од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом ќе се одржи „Вински Фестивал Битола“. Три дена со виното, музиката и дружење. Внимателно одбрана музичка програма и внимателно селектирана понуда на вина од домашни винарии и гастрономски специјалитети. Фестивалот официјално започнува со програма на 7 мај со настап на резидент диџеј, за потоа да продолжи со легендарните B52, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов. На 8 мај возбудлива вечер со Lockdown,, Камерен оркестар Битола и DJ Гоце Саф, додека третата вечер, на 9 мај, е резервирана за Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“.
  • Датум: мај 7, 2026 - мај 9, 2026
  • Време: 8:00 PM - 11:55 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом Битола