СЕКСТЕТ
од Марк Камолети
Режиjа и адаптациjа: Марјан Георгиевски

Костимографиjа: Андреj Георгиевски
Сценографиjа: Влатко Чачоровски
Музика: Александар Димовски
Светло: Горан Петровски
Тон: Николче Терзиевски
Дизајн на колажи: Сандра Грибовска
Испициент: Димитар Михајловски
Суфлер: Гордана Михајловска

Играат:
Бернар – Николче Пројчевски
Жаклина – Катерина Аневска Дранговска
Роберт – Александар Димитровски
Сузан – Сандра Грибовска Илиевска
Сузет – Марија Цветановска
Џорџ – Борче Ѓаковски

ПРЕМИЕРА: 25.04.2026 | 20:00 | Голема сцена

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.
Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.
Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме.
Затоа сега е време за Камолети – светскиот крал на фарсата и мајсторот кој знае како хаосот да го претвори во лек.
„Секстет“ е комедија која ќе ве остави без здив.
Еден сопруг ја договорил љубовницата на романтичен викенд, додека неговата сопруга заминува кај нејзината мајка.
Што може да тргне наопаку.
Се’.
Сопругата останува, доаѓа семејниот пријател, доаѓа готвачка и нејзиниот сопруг.
Шестмина што не можат да излезат од лавиринтот на лаги.
Никој не е разумен, секој сака да се спаси.
Комедија која зборува за тоа каков живот живееме денес.
Во тој комичен пекол лежи вистинското ослободување.
Денес не ни треба иронија, ниту горчлив хумор. Ни треба онаа чиста смеа што те потсетува дека си жив.
Оваа претстава е создадена за да биде вечер за чиста радост.
Темпо кое не дозволува здив и актери кои во овој хаос влегуваат со смртна сериозност.
Оставете го светот пред вратата на театарот.

КУПИ БИЛЕТИ: НТБ online билети

Информации за местото на одржување

Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Прикажи на мапа
  • Датум: април 27, 2026
  • Време: 8:00 PM - 9:15 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Додај во календар

Поврзани настани

Филм
Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

СТРАНЕЦОТ

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

КОКОШКА

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

КОКОШКА

Театар
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

НА ОТВОРЕНО МОРЕ

Scroll to Top