Ден на пијаното во Офицерски дом-КИЦ Битола

Соработката со ДМУ Битола е веќе традиционална.

Во најава, 

🎹 Ден на пијаното 🎶
Со голема радост оваа година го одбележуваме Денот на пијаното во нашето училиште – ден посветен на инструментот кој инспирира, предизвикува и создава безброј музички приказни.
Околу 120 млади и надежни пијанисти ќе настапат со внимателно подготвена програма, во која ќе ја покажат својата посветеност, труд и љубов кон музиката. Преку различни стилови и епохи, ќе имате можност да уживате во искрени и музички зрели интерпретации.
Овој ден е повеќе од концерт – тоа е прослава на учењето, дисциплината и радоста што музиката ја носи.
✨Во рамки на програмата, од 13.30ч. ќе се одржи гостински концерт на училиштето “Тефта Ташко Кочо” од Корча, Р.Албанија, училиште со кое имаме долгогодишна меѓународна соработка и со чие што гостување допринесуваме за уште посвечено одбележување на овој Меѓународен ден на пијаното.
Ги покануваме сите љубители на музиката да ни се придружат и да ја споделат оваа убава атмосфера со нас. 🎼

 

  • Датум: март 30, 2026
  • Време: 10:00 AM - 8:00 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом Битола