Јавен повик за млади креативци!

🎞️ Пријави се за заедно да создадеме краткометражен филм!
👐 Атриум ве поканува вас, младите (15-25) и родителите/старателите (40+) од Битола и поширокиот пелагониски регион, да станете дел од нов партиципативен уметнички проект.
Во текот на 4 викенд работилници:
▪️21/22 март
▪️4/5 април
▪️25/26 април
▪️9/10 мај
…заедно ќе вклучиме:
▪️колективни разговори, читачки групи и дискусии;
▪️креативни вежби засновани на повеќе уметнички дисциплини;
▪️работа со звук, слика, камера, движење и простор;
▪️видео проекции, групни анализи и дигитални медиуми.
Ќе работиме колективно – преку гест, глас, меморија, приказна и визуелни елементи. Сознанијата од процесот ќе станат дел од уметничкиот материјал што постепено ќе се обликува во краткометражен филм.
Процесот ќе го води уметнички тим со искуство во театар, филм и аудиовизуелните уметности.
📮Те чекаме да се пријавиш преку следниов линк, најдоцна до 8 март!
// Проектот „Предочени различности – Интергенерациски визуелни траектории“ е поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
  • Датум: март 4, 2026 - март 8, 2026
  • Време: 12:00 AM - 3:00 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом Битола