Предновогодишен концерт со Павле Камилоски 2025

 

Во пресрет на престојната празнична сезона со големо задоволство ви го најавуваме спектакуларниот настан “Предновогодишен концерт со Павле Камилоски.

Овој концерт е предвиден да ја збогати културната понуда на 26 декември во Центарот за култура во Битола кој истиот ќе биде премиерен. ​Истакнуваме дека овој проект досега традиционално се реализира со исклучителен успех во изминатите неколку години во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Истиот се покажа како исклучително баран, генерирајќи огромна заинтересираност и постигнувајќи целосна посетеност, што е цврст доказ за неговата културна вредност и атрактивност. Целта на овој проект е воведување на поинакви настани во нашиот град, будење на предновогодишната магија во секој еден од нас, потсетување на убавината на заедништвото, љубовта и искрената радост што ја носи овој посебен период од годината.

Билети во продажба на:
https://www.3dkinobitola.com/single/event/258

 

Ознаки

музика
  • Датум: декември 26, 2025
  • Време: 8:00 PM - 10:00 PM (Europe/Belgrade)
  • Место на одржување: НУ Центар за култура - Битола

Поврзани настани

Фестивал
НУ Центар за култура - Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Детски музички фестивал СИ-ДО 2026

Музика
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Jazz Factory Festival – Џез Фабрика Фестивал

Scroll to Top