Ликовен конкурс

 

Почитувани,

Со особено задоволство го најавуваме  Ликовниот конкурс 

„Битола – мојот град, моја визија“ во организација на КИЦ Битола, чија цел е да се поттикне детската креативност и љубовта кон градот Битола, преку визии полни со фантазија и искрен детски поглед.

Право на учество: ученици од сите основни училишта во Општина Битола.
Учениците ќе се натпреваруваат во три категории:

  1. I – III одделение

  2. IV – VI одделение

  3. VII – IX одделение

Услови за учество:

  • Дозволени се сите ликовни техники

  • Делата треба да содржат мотиви од Битола

  • Максимален формат: 50 х 70 см

  • Секое дело треба да содржи податоци: име и возраст на авторот, име на ментор и контакт телефон 

  • Рок за доставување: до 27 октомври 2025

  • По пошта на адреса: ул. Широк сокак 145

  • Лично во ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом (секој работен ден од 09:00 – 19:00 часот)

  • Награди:

  • Гран При

  • I, II и III награда во секоја категорија

  • Благодарници за сите училишта и ликовни педагози

Селектираните творби ќе бидат дел од завршната изложба која ќе се постави на 10 ноември 2025 во 12.00 ч. Офицерски дом – КИЦ Битола, како дел од програмата за празникот на Општина Битола.

  • Датум: септември 15, 2025 - ноември 3, 2025
  • Време: 11:10 AM - 5:00 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом Битола