Свечено затворање на Бит фест 2025
По два месеци исполнети со култура, уметност и инспирација, БИТ ФЕСТ 2025 го заокружува своето 17-то издание со свечено затворање на отворено, на платото пред Офицерскиот дом.
Во рамки на затворањето, ќе биде претставена завршната видео-презентација на “Bitola Art Mapping” – проект кој ја трансформираше Битола во сцена за современа уметност и креативен дијалог. Главната цел на “Bitola Art Mapping” е создавање на уникатно културно доживување преку активирање на јавниот простор и поврзување на уметноста со граѓаните.
Ве очекуваме на финалето на летото исполнето со уметност! 

