15 години „Незаборав“ 2010-2015

Среда, 20 август 2025 г. во Центарот за Култура – Битола, со почеток
во 20.00 ч. ќе се одржи традиционалната манифестација „НЕЗАБОРАВ“.
Годинешниот „НЕЗАБОРАВ“ е посветен на изминатите 14 приредби и
претставува ретроспектива на истите.
 
На настанот ќе Ве потсетиме за изминатите концерти кои беа посветени на:
Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара),
Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата „Битолски конзули“,
Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски-Бојс, Песни за Битола – прв и втор дел,
Песни од Интерфест 92-96 и Тоде Новачевски.
На концертот во живо ќе настапат познати битолски музичари и изведувачи.
Како и до сега, така и годинава, „НЕЗАБОРАВ“ се реализира исклучиво со средства од
Општина Битола, во рамките на „БИТФЕСТ“ 2025.
Автор на проектот: Панде Димитровски.
  • Датум: август 20, 2025
  • Време: 8:00 PM - 9:30 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: НУ Центар за култура