Класична бајка со Кристијан Антовски
Овој петок во Офицерскиот Дом во големата концертна сала ќе прозвучи една убава “Класична бајка со Кристијан Антовски”. Бајковитата музичка приказна ќе биде раскажана од оперскиот уметник Кристијан Антовски преку својата претпознатлива вокална драматика во гласот и колоритна бартонска боја, заедно со пијанистката Елена Силјановска која ќе го придружува со своите раскошни ноти на пијаното кои секогаш ги носи на еден посебен и специфичен начин.
Оваа класична бајка ќе биде спој на повеќе епохи и изведба на композиции напишани од најголемите класични композитори од целиот свет така и од Македонија, како Ш.Гуно, П.И.Чајковски, Г.Ф.Хендл, С. Христиќ, Т. Прокопиев и др.