Смотра – фестивал на електронска музика

СМОТРА-Фестивал на електронска музика

Петок 11 Јули/Стара битолска Чаршија/21:00 ч.

Сабота 12 Јули/Безистен/21:00 ч.

Идејата зад овој фестивал датира од 2011 година и настана како одговор на потребата за алтернативна сцена во Битола. Целта беше да се понуди поинтимна атмосфера на необични локации, каде што ќе се презентира поквалитетен избор на електронска музика и диџеи/презентери и каде што младите ќе можат да се изразат преку било која уметничка форма.

Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, Старата Чаршија и други) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Во изминатите 12 изданија, фестивалот константно еволуира апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на делување според барањата и очекувањата на посетителите и развојот на современите технологии.

  • Датум: јули 11, 2025 - јули 12, 2025
  • Време: 9:00 PM - 10:30 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Стара чаршија