Со срце полно со џез историја и фокус на младите таленти, ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ – Битола се залага за одлична, авантуристичка музика.

За Фестивалот

ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ – Битола е формиран во 2011 година како годишна работилница за младите да учат основи на џез музиката и да создаваат и развиваат интерес за импровизирана уметничка форма со фокус на креативноста и слободата. Овој инвентивен пристап доведе до тесна врска помеѓу учесниците, што резултираше во создавање на неколку млади бендови и ги поттикна идните џез-уметници. Од 2018 година проектот се претвора во интернационален џез фестивал кој главно е фокусиран на презентација на врвните џез артисти од светот како и поддршка на Македонските џез уметници, со промоција на нивните нови изданија, мрежно поврзување, букинг, стекнување искуство, мобилност на уметниците и соработка со странски музичари и организации и прерасна во препознатлив бренд на градот Битола, и се етаблира на Македонската и Европска џез сцена како фестивал кој ја негува современата и прогресивна музичка мисла.

Веб страна

www.jff.mk

Информации за местото на одржување

Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Прикажи на мапа
  • Датум: април 15, 2026 - април 18, 2026
  • Време: 8:00 PM - 11:00 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Додај во календар

Поврзани настани

Фестивал
НУ Центар за култура - Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Детски музички фестивал СИ-ДО 2026

Scroll to Top