Работилница за пишување на поезија со Марија Бошковска ▪️▪️▪️
 
Петок • 27 јуни • 11:00
локација📍 МКЦ Битола, ул. Цар Самоил 29
 
Ако можеш да чувствуваш – можеш и да пишуваш.
Да, дури и ако мислиш дека не си поет. Дури и ако не си напишал/а ниту една песна од основно.
Ова не е работилница за „совршен стих“.
Ова е простор каде зборовите добиваат дозвола – да бидат срамежливи, распарчени, чудни, кревки или смели.
 
Со Марија Бошковска како водич, ќе ги одлепиме зборовите од правилата и ќе им дадеме нова форма – своја.
▪️Читаме современа поезија
▪️Разговараме за лирски гласови
▪️Пишуваме – искрено, спонтано, по свое
Потребно е само малку храброст и љубопитност.
Сѐ друго ќе се појави самó – кога ќе му дадеш збор на она што одамна чука внатре.
 
👥 Работилницата е наменета за млади од 15 години па нагоре
 
Марија Бошковска е книжевница, уредничка и програмска координаторка во КСП „Центар – Јадро“. Авторка на поезија, проза, книжевни критики и детски приказни, основачка на „Дума ин Сума“ и креаторка на програми за млади кои ги учат зборовите да значат – без да се извинат.

Ознаки

Работилници

Информации за местото на одржување

Младински Културен Центар - Битола, Цар Самоил, Bitola, North Macedonia

Прикажи на мапа
  • Датум: јуни 27, 2025
  • Време: 11:00 AM - 2:00 PM (Europe/Warsaw)
  • Место на одржување: Младински Културен Центар - Битола, Цар Самоил, Bitola, North Macedonia

Поврзани настани

Музика
Народен театар Битола, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia

Jazz Factory Festival – Џез Фабрика Фестивал

Scroll to Top