Во најава,
Фестивалот кој ги помести границите на поимот фестивал. И оваа година на Бит фест 2026, го најавуваме ФЕСТИВАЛ ЗА ЛИТЕРАТУРА И АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ „300 РАБОТИ, ТРИСТА“. Од 18-20 Август во Офицерски дом и Кафе бар Радост.
ФЕСТИВАЛ ЗА ЛИТЕРАТУРА И АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ „300 РАБОТИ, ТРИСТА“
Битола | 19–21 август 2026

1. 19 август 2026 | 20:00 часот
ФИЛМСКИ ДЕН + „РЕТРО 300“
Локација: Плато позади Офицерски дом
• Ревијални проекции на македонски филмови
• Презентација на млади автори и нивни дела
• Ретро изложба со публикации и архивски материјали од претходните изданија на фестивалот
Вечерта е посветена на македонскиот филм, културната меморија и авторите кои во изминатите тринаесет години биле дел од фестивалот „300 Работи, Триста“.

2. 20 август 2026 | 20:00 часот
ТРАДИЦИЈА, ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Локација: Свечена сала на Офицерски дом
• Промоција на публикацијата Публикација – Ехо на вековите: Од Курбиново до модерна Италија со видувањата и зборовите на Киро Урдин — уметник на бескрајот, колоритот и движењето (второ, проширено издание од Игор Трајковски – Фоја),
• Визуелна презентација посветена на творештвото на Киро Урдин
• Разговор за културното наследство и неговата современа интерпретација
Настанот ја поврзува традицијата со современата визуелна уметност преку делото и визијата на Киро Урдин, претставени во проширеното издание подготвено од Игор Трајковски – Фоја.

3. 21 август 2026 | 20:00 часот
ЗАВРШНА РЕВИЈАЛНА ВЕЧЕР
 Локација: Ул. „Фуштани“ – пред Радост Кафе
• Промоција на „Колегиумски записник 013“
• Претставување на над 20 македонски автори
• Читање на селектирани литературни дела
• Мултимедијални проекции и визуелни презентации
• Настап на локален рок бенд
• Доделување благодарници и признанија
Завршната вечер претставува спој на литература, музика, визуелна уметност и урбана култура, со претставување на делата создадени во рамките на фестивалот.

Краток опис на фестивалот
„300 Работи, Триста“ е фестивал за литература и аудиовизуелни уметности кој од 2013 година е дел од програмата на БИТ ФЕСТ. Преку работилници, публикации, изложби, филмски проекции и ревијални настани, фестивалот создава простор за афирмација на младите автори и промоција на современата македонска култура.
Забелешка
Наведените термини (19–21 август 2026 година) се предложени датуми за реализација на фестивалот. Доколку има потреба поради координација со програмата на БИТ ФЕСТ или други организациски околности, организаторот остава можност за нивно усогласување и поместување во договор со организаторите на фестивалот.

 
 
 
  • Датум: август 18, 2026 - август 20, 2026
  • Време: 8:00 AM - 5:00 PM (Europe/Skopje)
  • Место на одржување: Офицерски дом Битола